Чарли Шин во притвор заради семејно насилство

Актерот Чарли Шин бил притворен поради обвинување за домашно насилство, јавија агенциите, наведувајки дека бил уапсен вчера откако имало итен повик од неговата куќа во скијачкиот центар Аспен, Колорадо. Подоцна бил пуштен на слобода со кауција. Чарли Шин и неговата трета сопруга имаат машки близнаци.