Иво Јосиповик - фаворот за хрватски претседател на изборите во недела

Кампањата за претседателските избори, кои во Хрватска ќе бидат одржани одржат во недела завршува денеска, а за еден од 12-те претседателски кандидати ќе можат да гласаат 4.495.006 граѓани. Според анкетите, уверливо води кандидатот на Социјалдемократската партија Иво Јосиповиќ, а зад него е независниот кандидат и градоначаник на Загреб, Милан Бандиќ. Доколку в недела ниту еден од кандидатите не освои над 50 проценти од гласовите, вториот круг со двајцата најдобро пласирани ќе се одржи на 10 јануари.