Пакистанската армија уби 9 милитанти

Пакистанските сили соопштија дека во армиска операција во близина со границата на Авганистан изутрината се убиени 9 милитанти. Нападот бил извршен со хеликоптер во подрачјето Орказаи. Талибанците, пак ноќта дигнале во воздух три училишта меѓу Пешевар и границата со Авганистан. Според локалните власти, при тоа немало жртви.