Папата не е повреден во синоќешниот инцидент

Ватикан соопшти дека Папата Бенедикт 16 не е повреден во синоќешниот инцидент во кој една жена ја прескокна заштитната ограда и го собори на земја 82-годишниот Папа, пред почетокот на божикната миса во базиликата Свети Петар во Рим. По нападот, Папата брзо се подигна и мирно продолжи кон олтарот за да ја води мисата. Според официјален Ватикан, жената веројатно има психички проблеми. Денеска Папата Бенедикт 16 од црквата Свети Петар во Рим ќе ја упати традиционалната порака „Urbi et Orbi“ (на градот и светот), изговарајќи ја божикната честитка на повеќе од 60 јазици.