13 мртви во серија бомбашки напади во Ирак

Во Ирак најмалку 13 луѓе го загубија животот, а 70 се повредени во серија на бомбашки напади, а мета најверојатно биле аџиите кои се подготвувале за шиитскиот исламски празник Ашура. Полицијата соопшти дека екплодирале две бомби во главниот град на покраината Бабил, кој е 95 километри одалечен од Багдад. Илјадници Шиити се очекува да пристигнат во ирачкиот град Карбала за прославата на празникот на 27 декември.