Христијаните во Ирак со страв го прославуваат божиќ

Христијанската популација во Ирак денеска го прославува божиќ со страв, по неодамнешните напади против нивната заедница. Вчера во експлозија на бомба во црквата во Мосул, животот го загубија две лица. Денеска ирачката полиција соопшти дека еден возач на минибус со христијанска вероисповед бил убиен во источниот дел на градот. Тоа е седми напад месецов, каде цел се Христијаните од Мосул. Оваа година божиќ е во исто време со исламската шиитска церемонија Ашура, па затоа прославата на ирачките христијани треба да биде тивка. Околу 1,25 милиони Христијани порано живееле во Ирак, но поради нападите и насилството 868 илјади ја напуштиле земјата.