Сенатот на САД го усвои законот за здравствено осигурување

Американскиот Сенат денеска го усвои законот за здравствено осигурување, кој го предложи пртеседателот Барак Обама. 871 милијарда долари ќе бидат издвоени за десетината милиони граѓани на САД, кои немаат здравствено осигурување. Конгресот го усвои законот во ноември. Сенатот сега ќе треба да преговара со него за да најдат компромис за усвоените два закона, па потоа законот да го потпише претседателот Обама.