30 Курди уапсени во Турција

Турската полиција денеска уапсила над 30 Курди, кои се осомничени дека имаат врска со Курдската работничка партија, соопштува турската агенцијата Анадолија. Полицијата преземала акција во 11 града во југоисточниот дел на земјата за да ги ограничи активностите на курдските бунтовници. Меѓу уапсените има 7 градоначалници, локални политичари и двајца активисти за заштита на правата на граѓаните.