Иран осуди приврзаник на опозицијата

Иранскиот суд го осуди поранешниот владин потпарол Абдулах Рамезанзадех на 6 години затвор, поради тоа што работел против националната безбедност и вршел пропаганда против исламскиот систем. Рамезанзадех бил приврзаник на опозицискиот лидер Мирхосеин Мусави и бил уапсен за време на протестите против контровезните претседателски избори во јуни годинава. Тој бил владин потпарол од 1997 до 2005 година кога претседател на Иран беше Мохамад Катами.