Одложено затворањето на затворот во Гвантанамо

Предвиденото затворање на затворот во заливот Гвантанамо во Куба може да биде одложено до 2011-та година. Американскиот претседател Барак Обама неодамна вети дека затворот ќе биде затворен до крајот на јануари 2010-та година, но тој рок се покажа како нереален, известуваат агенциите. Причина за одложувањето е што на американската влада ќе и бидат потребни неколку месеци за да купи и прилагоди затвор во Илиноис за да ги смести осомничените терористи.