Обама : оправдано е незадоволството од Самитот во Данска

Американскиот претседател Барак Обама, изјавил дека луѓето се оправдано разочарани од исходот од Самитот за климатските промени во Копенхаген. Зборувајќи на американската телевизија, Обама изјавил дека на Самитот бил направен мал напредок. Самитот во Данска наиде на остри критики, затоа што и покрај обидите за постигнување на договор за намалување на емисиите на јаглерод и намалување на глобалното затоплување, по долги преговори, учесниците не успеаја да ги премостат разликите меѓу богатите народи и земјите во развој.