Србија потпиша договор со Фијат

Србија денеска потпиша договор со Фијат, кој во автоиндустријата на Застава во Крагуевац ќе вложи 100 милиони евра. Тие на стартот ќе изработат два нови модела на автоомобили, а за таа цел ќе вработат 15 000 луѓе, што на Србија во следните години ќе и донесе заработка од 250 милиони евра. Според експертите тоа е најзначајниот чекор во развојот на економијата во Србија во последниве 20 години.