Лугар: НАТО да ја вооружува Грузија

Висок член на американската Републиканска партија побара од администрацијата на Обама и од сојузниците во НАТО да ја разгледаат можноста за натамошно вооружување на Грузија. Сенаторот Ричард Лугар смета дека со уништувањето на грузиската одбрана во текот на кратката војна со Русија во август 2008 година таа земја е поподложна на нови напади. Тој прецизира дека тука пред се станува збор за поправка на грузискиот радар за контрола на небото над Грузија.