Апсењето на Платон Лебедев, нелегално

Рускиот Врховен суд донесе одлука дека апсењето на Платон Лебедев, бизнис партнерот на поранешниот тајкун Михаил Ходорковски во 2003 година, било нелегално. До пресудата доаѓа две години откако Европскиот суд за човекови права донесе одлука дека биле прекршени правата на Лебедев за време на неговото апсење. Ходорковски, некогаш еден од најбогатите луѓе во Русија, и Лебедев издржуваат по осумгодишна затворска казна за измама и даночно затајување.