Протест на фармерите во Македонија

Со мирен протест пред Министерството за земјоделство во Скопје сточарите денеска ќе го изразат својот револт поради неисплатените средства за грлата болни од бруцелоза и туберколоза што им беа одземени. Според Нуредин Абдули од Федерацијата на фармери, тоа е уште еден удар на сточниот фонд во Македонија. Тие бараат средба со претставници на Министерството и потпишување договор за сигурна исплата на средствата.