Во Кина, почнува судењето на познат дисидент

Лио Ксиаобо, еден од најпознатите кинески дисиденти денеска треба да се појави на суд поради обвинувања за субверзивна дејност против државата. Тој беше уапсен во минатата година додека помагал во покренување петиција за политички промени во Кина. Повеќе европски и американски политичари изразија загриженост во врска со овој случај.