40 повредени при слетување на авион на Јамајка

Најмaлку 40 луѓе биле повредени кога авион на Американ Ерлајнз се преполовил при вчерашното слетување на меѓународниот аеродром во Кингстон на Јамајка. Министерот за информирање Дерил Вас наведе дека сите повредени биле префрлени во болница. Во Боингот 737 имало 148 патници и 6 членови на екипажот и летал на линијата Мајами, Кингстон.