Првиот човек на Советот на Европа во посета на Русија

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска ќе се сретне со Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд. За време на првата посета на Москва, Јагланд ќе ги покрене прашањата за човековите права и за укинување на смртната казна во Русија. Тој ќе има средби со руските политички лидери, како и со претставници на граѓански здруженија и активисти за човекови права.