Путин ја обвини Грузија за бришење на советското минато

Рускиот премиер Владимир Путин упати критика до Грузија поради рушењето на еден споменик од Втората Светска Војна. Според Путин потегот е обид да се избрише советското минато на двете земји. 46 метри високиот бронзен споменик беше срушен во саботата во грузискиот град Куташи за на неговото место да се изгради парламент.