Грција реагира на оценката на Мудис за кредитниот рејтинг

Грчкото министерство за финансии по извештајот на агенцијата Мудис дека го намалила кредитниот рејтинг на земјата, поради влошената финансиска ситуација соопшти дека кредитниот рејтинг на земјата е намален за само едно ниво, но останал во истата категорија и дека е на две ниво повисоко од рејтинзите на две други меѓународни рејтинг агенции Стандард и Пурс и Фитч. Според министерството владата е решена да ги реализира мерките за обнова на домашната економија.