ЦИА имала тајни затвори во Литванија

Парламентарната истрага во Литванија открила дека разузнавачката служба од земјата и помогнала на ЦИА да направи тајни затвори во Литванија, но сеуште не е јасно дали тие се користеле за испрашување на осомничени за тероризам. Според националниот безбедносен комитет службата на ЦИА и обезбедила две ќелии во 2002 и 2004 година. Литванските официјални лица не биле известени за затворот.