Расмусен-НАТО останува посветен на Авганистан

Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен за време на неговата посета на Авганистан соопшти дека алијансата и натаму е посветена на мисијата во земјата и дека војниците на НАТО ќе останат се додека Авганистан не застане на свои нозе. Според Расмусен додатните војници кои треба да пристигнат во Авганистан ќе донесат нов импулс во војната. САД ќе испрати нови 30 000 војници во Авганистан, а земјите членки на НАТО уште 6800.