Србија ја предава кандидатурата за членство во ЕУ

Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска во Стокхолм на шведскиот премиер и актуелен претседавач во ЕУ, Фредерик Рајнфелт ќе му ја предаде кандидатурата на Србија за полноправно членство во Унијата. Српската влада во саботата донесе одлука кандидатурата за членство на државата во ЕУ да ја достави до крајот на годината, а Шведска, во својство на претседавач во Унијата, го одреди денешниот ден за тоа.