Во јануари интензивирање на преговорите на Кипар

Грците и Турците кои живеат на поделениот остров Кипар во јануари ќе ги зголемат напорите за склучување примирје и за прекин на конфликтот кој ја спречува Турција на патот кон евроинтеграциите, соопштија од Обединетите Нации. Според официјалните извештаи, грчкиот лидер Деметрис Кристофијас и лидерот на турците Мехмет Али Талат во идниот месец два пати ќе преговараат во штаб на Обединетите Нации во Никозија.