Турција презема уште еден чекор за приближување до ЕУ

Турција презема уште еден чекор во приближувањето кон ЕУ со тоа што почна да работи на зголемување на стандардите на животната средина, според оние на унијата. Европскиот комесар за проширување на унијата Оли Рен говорејќи на министерскиот состанок во Брисел соопшти дека возот на Турција е на патот и се движи. Животната средина е една од 35 точки кои Турција треба да ги реши пред да аплицира за членство во ЕУ. 8 точки се замрзнати поради спорот со Кипар.