Ирак и Египет ќе ја зголемат економската соработка

Египетскиот претседател Хосни Мубарак и ирачкиот премиер Нури Ал Малики се сретнаа во Каиро за да разговараат како да ја подобрат економската соработка меѓу двете земји. Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари соопшти дека Мубарак му понудил подршка на Малики и додал дека во Египет е моќта за креирање на регоналната рамнотежа. Според Зебари за време на дводневната посета Малики барал да се зголеми економската улога на Египет во Ирак. Малики константно ги повикува арапските земји да го подржат Ирак по деценијата војни и санкции.