Продолжува судењето на Дамјањук

Судењето на Џон Дамјањук кој е обвинет за учество во убиството на 27 000 Евреи во нацистичкиот логор на смртта Собибор, продолжи во Германија со сведочењето на роднините на луѓето кои биле убиени во логорот, кој се наоѓал во окупираната Полска. 89 годишниот Демјањук кој е роден во Украина тврди дека тој не бил чувар на логорот, туку Советски војник кој бил заробен од германците и затоа голем дел од времето го поминал во логорите.