Франција бара истрага за суспензијата на Евростар

Франција повика да се покрене истрага за затворањето на железничката линија Евростар меѓу Британија и Европа. Железничката линија е стопирана во петокот кога пет возови со 2000 патници беа заробени со саати во чанел тунелот. Компанијата соопшти дека мразот и снегот во Франција се виновни за инцидентот. Возовите ќе почнат со работа најрано до четврток, а над 55 000 патници се погодени од суспензијата на железничката линија.