Кина ги прифати протераните ујгури од Камбоџа

Кина го прифати враќањето во татковината на двесетината припадници на кинеското муслиманско малцинство ујгури, кои побегнале во Камбоџа по етничките безредија во јули годинава во регионот Ксинџијанг. Потпаролот на министерството за надворешна политика, Јианг Ју соопшти дека Кина ги дочекала ујгурите според законот за имигарција. САД, ОН и групата за човекови права Амнести Интернашнл ги предупредуваше ујгурите дека може да се соочат со одмазда од кинеските власти, кога ќе се вратат дома.