Нафтата - 73 долари за барел

Цените на нафата на азијските берзи денеска се движат околу 73 долари за барел, пред утрешниот состанок на ОПЕК во Ангола на кој ќе се расправа за тоа дали нивото на производство да остане исто. Лидерите на ОПЕК сугерираа дека се задоволни од моменталните цени на нафтата и оти производството не би требало да се менува.