Најден натписот од влезот во Аушвиц

Полската полиција го најде украдениот знак од влезот на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц. Полицијата соопшти дека привела петмина осомничени за кражбата. Според полицијата, знакот на кој пишува „Работата ослободува“ бил исечен на три дела. Не се соопштуваат мотивите на сторителите. Во Втората светска војна во Аушвиц биле убиени околу 1 милион луѓе, претежно Евреи.