Погреб на ајатолахот Али Монтазери

На погребот на угледниот ирански свештеник-дисидент Големиот Ајатолах Хосеин Али Монтазери, се очекува да присуствуваат илјадници Иранци. Опозициските лидери Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби ги повикаа поддржувачите да присуствуваат на погребот во светиот град Ком. Полицијата за спречување на протести веќе патролира во градот. Ајатолахот Мунтезари е еден од креаторите на исламската револуција во Иран во 1979 година. Потоа, излегува од врховното водство и станува една од водечките опозициски фигури.