3 мртви во земјотрес во Малави

Едно 4 годишно момче и 2 возрасни луѓе го загубиле животот, а 250 се повредени денеска во земјотресот со јачина од 6 степени според рихтеровата скала, кој го погоди западниот регион Караконда во Малави. Локалните официјални владини лица соопштиле дека илјадници луѓе морале да ги напуштат своите домови, бидејќи се оштетиле зградите од земјотресот и за тие да се заштитат од уште некој потрес. Земјотрес ја погодил денеска и Танзанија, но тој не предизвикал некоја штета , а нема ни повредени