56 мртви во собраќајна несреќа во Нигерија

Полицијата во Нигерија соопшти дека најмалку 56 луѓе го загубиле животот кога еден возач на камион, кој носел цемент загубил контрола над возилото и удрил во толпа луѓе. Според полицијата загинатите биле пешаци, кои оделе покрај патот во Декиан во централна Нигерија во Коги државата. Собраќајните несреќи во Нигерија се чести, поради лошата инфраструктура.