Извозот на нафта од Ирак стопиран поради напад на гасовод

Извозот на нафта од западен Ирак е стопиран поради нападот на гасоводот кој оди до турскотот пристаниште Цејхан. Потпаролот на ирачкото министерство за нафта, Асем Јихад изјави денеска дека дел од гасоводот е оштетен при нападот што предизвикало голема количина на нафта да истече од него. Техничарите од западната компанија за нафта отишле на местото. Јихад соопшти дека нападот се случил 325 километри од Багдад.