Иран делумно се повлекол од ирачкото нафтено поле

Ирак соопшти дека иранските војници делумно се повлекле од спорното нафтено поле за кое и Техереан и Багдат тврдат дека е нивно. Потпролот на ирачката влада, Али Ал Дабагх соопшти дека иранските војници кои влегоа на полето во петокот го спуштиле иранското знаме и се повлекле 50 метри. Ирачките власти побарале тие да го напуштат целосно полето. Според Дабагх заеднички комитет ќе направи демаркација на границата, каде се наоѓа полето. Техеран пак соопшти дека министрите за надворешни работи на Иран и Ирак разговарале за недоразбирањето меѓу нив околу границата.