Камбоџа ќе ги протера ујгурите и покрај критиките

Камбоџа соопшти дека ќе протера дваесетина припадници на кинеското муслиманско малцинство ујгури и покрај тоа што САД, Обединетите Нации и организацијата за човекови права Амнести интернашнл упатија критики за ваквата одлука, затоа што ујгурите може да се соочат со одмазада од кинеските власти ако се вратат таму. Ујгурите побегнале од Кина во Камбоџа по етничките безредија во јули годинава во регионот Ксинџијанг. Оделот за бегалци на ОН соопшти дека депортацијата е нарушување на обврската на Камбоџа под меѓународната конвенција за бегалци.