Шведска ќе ја прими апликацијата на Србија за во ЕУ во вторник

Шведска која претседава со ЕУ соопшти дека српскиот претседател Борис Тадиќ ќе биде добродојден во Стокхолм во вторник за да ја предаде формалната апликација за членство на Србија во унијата. Според објавата на сајтот на ЕУ апликацијата е историски и важен чекор за Србија. Вчера претседателот Тадиќ и премиерот Мирко Цветковиќ ја потпишаа молбата за членство во унијата. Патот на Србија кон ЕУ беше одложуван поради нивната лоша соработка со хашкиот трибунал.