Расмусен го поздрави новиот кабинет на Карзаи

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен го поздрави новиот кабинет на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Расмусен соопштил дека авганистанскиот народ заслужува влада со интегритет и професионализам и дека ги подржува напорите на Карзаи во борбата со корупцијата. Карзаи вчера ги објави кандидатите за неговиот нов кабинет, кои треба да бидат одобрени од парламентот. Голем дел од старите членови се задржани, освен министерот за надворешни работи Ранген Спанта.