Србија ќе поднесе кандидатура за ЕУ до 2010

Српскиот премиер Мирко Цветковиќ изјавил денеска дека Владата донела одлука да до крајот на 2009 година да поднесе кандидатура за членство во ЕУ. Според Цветковиќ одлуката кога Србија ќе може да ја поднесе кандидатурата ќе одлучи Шведска која претседава со унијата. Со таа одлука премиерот смета дека Србија го избрала својот правец во наредниот период и покажала дека тежнее кон другите европски држави.