Али Ахмети повторно избран за претседател на ДУИ

Али Ахмети е повторно избран за претседател на Демократската унија за интеграција во наредните четири години. На вториот партиски конгрес на ДУИ што се одржа во Скопје, Ахмети беше избран едногласно од 614 делегати. На конгресот под мотото “Ги оживуваме идеалите” тој изјавил дека коалициските односи се отворени и јасно дефинирани за заедничкото владеење. Според Ахмети таа се базира на две основни начела. Првото е спроведување на Охридскиот договор, а второто членство на Македонија во НАТО и ЕУ и стратегија за економски развој на земјата.