3 затвореници во Иран починале од физичко малтретирање

Иранското судство денеска соопшти дека најмалку 3 затвореници кои биле уапсени за време на претседателските избори починале поради тоа што биле физички малтретирани од страна на чуварите. Покренати се тужби против 12 вработени во Кахризак затворот, кој се наоѓа јужно од главниот град Техеран. Според извештајот на судот 3 се соочуваат со обвинение за убиство. Иранската опозиција соопшти дека најмалку 72 луѓе се убиени за време на изборите, додека владата тврди 30.