150 Македонци во Париз на првиот ден без визи

150 македонски граѓани пристигнаа денеска во Париз за да го одбележат првиот ден од безвизниот режим. Тие беа придружувани од вицепремиерот Васко Наумовски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, кои соопштија дека ова е историски момент за Македонија. Според Јанкуловска тоа е првиот чекор во евроинтеграцијата на Македонија и на нејзините граѓани.