Конгрес на ДУИ во Скопје

Демократска унија за интеграција на денешниот конгрес во Скопје треба да избере претседател на партијата и членови на извршниот совет. Според очекувањата, делегатите би требало да ја потврдат лидерската позиција на досегашниот претседател Али Ахмети. На конгресот ќе биде промовирана и стратегијата за политичко дејствување на ДУИ, пред се во однос на интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската унија.