САД и Русија го усогласиле новиот СТАРТ

Русија и Соединетите Држави постигнале согласност за текстот на новиот договор за намалување на нуклеарното оружје, изјави денеска Константин Косачов, шеф на комитетот за надворешна политика на рускиот Парламент. Тој оцени дека има шанси договорот да биде потпишан до крајот на годинава, а тоа зависело од тајмингот на претседателите Дмитриј Медведев и Барак Обама.