Словенечки евро-пратеници во посета на Македонија

Словенечките евро-пратеници Зоран Талер и Тања Фајон денеска ќе престојуваат во посета на Македонија. Предвидени се средби со премиерот Никола Груевски и со вице-премиерот за европски прашања Васко Наумовски, а евро-пратениците Талер и Фајон ќе остварат разговори и со членови на некои собраниски комисии.