Нуклеарна соработка меѓу САД и Емиратите

Соединетите Држави и Обединетите Арапски Емирати и формално го ставија во сила договорот за цивилна нуклеарна соработка. Според договорот, Соединетите Држави ќе трансферираат нуклеарна опрема, рекатори и материјали за нуклеарни истражувања во Емиратите, кои пак се обврзуваат да не збогатуваат ураниум. Вашингтон оценува дека ваквите договори се модел за неширење на нуклеарното оружје.