Дополнителни шпански војници во Авганистан

Шпанија ќе испрати дополнителни 511 војници во Авганистан, соопшти шпанскиот министер за одбрана Карме Чакон. Тој вели дека шпанските војници ќе ја обучуваат авганистанската армија и ќе се грижат за безбедноста во провинцијата Бадгис. Со ова бројот на шпански војници во Авганистан ќе надмине 1500.