Пакистански министер се товари за корупција

На пакистанскиот министер за одбрана му е забрането да ја напушти земјата. Веројатно, Врховниот суд одлучил да го обнови случајот за корупција против него. Министерот Ахмед Мухтар изјави дека властите го спречиле да патува во Кина, каде што требаше да договори испорака на нов воен брод за Пакистан. Врховниот суд ја поништи амнестијата за илјадници функционери од 2007 година и даде дозвола за евентуално гонење на престапниците.<br /><br />