Меркел- прашањето за проширувањето на ЕУ наредната година

Следната година на дневниот ред на Европската Унија ќе биде поставено прашањето за проширувањето со Исланд и Македонија, соопшти денеска германската канцеларка Ангела Меркел пред пратениците во Бундестагот. Меркел ги повикала парламентарците да се посветат на прашањето кои земји ќе станат членки на ЕУ, бидејќи тоа ги засега сите граѓани.